
Јовески: Јанева и Стефанова ќе бидат повикани на распит за случајот „Рекет“
Истрагата за случајот „Рекет“ е во тек а обвинителите работат на прибирање на докази иако Јовески и Рускоска се надвор од државата и користат годишен одмор, смируваат од Обвинителството откако двете снимки кои ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“ ја донесоа јавноста до точка на вриење. Кога тие ќе се вратат во Скопје не е познато, но пред да заминат назначиле свои заменици и истражители кои се задолжени за „Рекет“.
Републичкиот јавен обвинител Јовески за Телма соопшти дека не ја исклулчува можноста обвинителките Јанева и Стефанова да бидат сослушани или повикани на распит и нагласи дека обвинителството постапува неселктивно.
„Сите инволвирани ќе бидат неселективно сослушани или распитани, вклучувајќи ги и Јанева и Стефанова. Редослед Обвинителството заради доверливоста не соопштува однапред. Уште еднаш истакнувам дека обвинителството постапува неселективно и ја уверувам јавноста дека секој што е инволвиран во конкретното дело ќе биде сослушан или испитан и по целосно расчистување на истрагата, согласно законот, ќе сѐ донесе јавнообвинителска одлука“, вели Јовевски.
Меѓутоа јавноста и експертите имаат голем број на забелешки околу истрагата за случајот „Рекет“ фактот што Јанева сеуште не е повикана да даде изјава и отсуството на Јовески, Рускоска и Јанева од државата.
Поранешниот судија и обвинител, а сега адвокат Александар Наков смета дека Јанева досега морала да биде опфатена со истрагата.
За адвокатот Еленко Миланов, клучен момент во истрагата за „Рекет“ е загубениот па пронајден форматиран телефон на Јанева.
Обвинителката Рускоска, на 21 минатиот месец во интервју за „Код“, соопшти дека на една од снимките се слуша гласот на Јанева и додаде дека е на спикерфон а тоа денеска го потврди и специјалната обвинителка. Нејзиното образложение е дека таа имала оправдана причина да учествува во разговорот заедно со Камчев и Јовановски.
Меѓутоа двајцата адвокати се децидни, никогаш обвинител во фаза на истрага или предистрага не контактирал со нивни клиенти.
За нив е сипмтоматично и тоа што во нивниот досегшно работење речиси никогаш не се случило на лице да му се одземени телефоните на вештачење а притоа да не бидат повикани на распит.
Огнен Чанчаревиќ