
Јовески е против тоа опозицијата да предлага обвинител за организиран криминал
Јавниот обвинител Љубомир Јовески не се согласува со понудата на опозицијата, тие да предложат обвинител кој би раководел со одделението за борба против организиран криминал и корупција. Јовески вели дека то значи одземање на надлежностите на советот на обвинители и го прави неодговорен орган, ако решението го наметнат политичките партии. Целото интервју можете да го проследите во утрешната емисија КОД.