(видео) Јовановски се брани: Мојот ментален склоп семејство, лик и дело не укажуваат на тоа дека јас би се дал во бегство

Мојот ментален склоп семејство, лик и дело не укажуваат на тоа дека јас би се дал во бегство, рече Бојан Јовановски на денешната јавна седница во Апелација на која се разгледува неговото барање за пуштење од притвор.

„Живеам за да ја докажам вистината во овој случај со факти и докази и да ја докажам својата невиност“, рече Јовановски пред судиите.
На седницата предходно одбраната даде уверени од д-р Зоран Спировски според кое обвинетиот Јовановски неопходно е да биде хоспитализиран на Клиниката за торакална хирургија бидејќи нема желудник и има постојани нагони за повраќање.

Адвокатите побараа евентуално домашен притвор како превентивна мерка.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ