
Јога и емоции – Поен кај гласачите или контра-ефект?!
Поздрав на сонцето од плажа на Охридското езеро, емотивни разговори и прегратки со поддржувачите, кратки говори пред публика удобно сместена во столици. Претседателските кандидати со неконвенционална кампања се обидуваат да ги придобијат гласачите. Сиљановска утрово вежбаше јога, тренирајќи си ја издржливоста.
Пендаровски, пак, синоќа доби неочекувана понуда.
Река од бербер покажа дел од своето секојдневие, а си го искористи и презимето во слоганот „Река за Републиката„,
За аналитичарите, стартот на кампањата покажа дека Сиљановска игра на патриотизам, Пендаровски на ЕУ и НАТО интеграциите, а Река на етничката карта. Но, дефинитивно главен адут на сите им се емоциите, што според социолозите може да има и контра-ефект.
Ацевски вели дека, ударот врз емоциите на гласачите мора да биде максимално рационален и умерен. Потстрижувањето и вежбањето јога пред камери на некој начин е и симпатично, но целосно непотребно.
Социологот потенцира дека, личните хобија и секојдневните активности на кандидатите за најголемиот дел од популацијата се неважни податоци, што нема да убедат никого да гласа.Електоратот очекува сериозни и цврсти ставови и идеи за важните прашања за државата на чие чело треба да застане некој од тројцата кандидати.
Далиборка Демјанска