
ЈО побара притвор за Катица Јанева – за помошта на Камчев добила мебел во износ од 298 000 денари
Осомничена е дека ја злоупотребила службената положба а за помошта на Орце Камчев добила награда, мебел во вредност од 298 000 денари, додека претходно осомничените Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец во два наврата од Камчев земале сум во износ од 1,5 милиони евра.
Нема докази дека со имотно правна корист се стекнале домашни и странски политичари.
Истрагата за ,, Рекет,, засега е проширена само на Катица Јанева, не се вршени претреси кај политичари и други обвинители, но тоа не значи дека во наредниот период нема да бидат повикани доколку има индиции за нивна инволвираност.
Јавното обвинителство ќе ги преземе сите мерки за целосно расчистување на случајот најавувајќи неселективна правда.
Јулијана Пешевска