Јавното обвинителство можело да ја запре сексуалната злоупотреба и забремнувањето на 13- годишното девојче

Јавното обвинителство можело да ја запре сексуалната злоупотреба и забремнувањето на 13- годишното девојче штитеничка на домовите за згрижување доколку покренело обвинение по кривичната пријава од Велешката полиција.

Ништо во овој гломазен објект не наговестува дека зад затворени врати се кријат и траорни и морбидни вистини. Затскриен во зеленило, одвоен од скопските гужви, јавната установа за згрижување деца со социјално-воспитни проблеми е дом и на 3 бремени малолетнички. Една ќе се поради наесен. Две абортирале, а најмлaдата од нив завршила во прангите на проституцијата, сексуалната злоупотреба и силувана, пред да се врати во раце на службите со информација дека носи плод.

Пристигнувањето во домот ни го наруши фудбалската игра на две момчиња, не постари од 10 години, од кои умешно се крие суровата вистина за проблемите со повозрасните деца. Им дојдоа гости и поитаа да ни ги покажат собите, занималната и училниците. Овде се црта, се учи, но се води и љубов. Така ни објасни новото раководство, по оставката на досегашниот директор кое потврди дека двете штитенички затруднеле со нивните љубовници исто така штитеници и жители на домот „25- мај“.

Педагози, психолози, психијатри водат дневен извештај, запишуваат што разговарале со децата и им даваат согласнсот да излезат да прошетаат. Доколку не се вратат во договореното време започнува процедурата. Така било и во октомври минатата година кога 13 годишната малолетничка не се вратила назад. Нејзиниот воспитувач и координатор, веднаш отрчал во најблиската полициска станица, а 3 недели полицијата чувала отворена потерница.

Девојчето ќе се појави 13 ноември, во велешката болница, донесена без свест, по сексуален однос. Сознанијата до кои дојде Телма е дека таа живеела со момче со кое се верила и тоа во куќа близу полициската станица. Велешките полицајци ќе го предадат случајот на обвинителството, а од синоќа ќе побараат и кривична одговорност за 18-годишен велешанец. Тука завршува процедурата на истражните органи и започнува посоледната голгота за 13-годишната малолетничка. Социјалните служби ќе ја сместат во Засолниоште за жени  и деца на насислтво, од затворен и обезебеден тип.

Но, набргу ќе ја вратат во домот „Ранка Милановиќ“, бидејќи јавното обвинителство не поднело обвинение до основните судови. Токму ова е една од причините што малолетничката повторно се нашла на улиците и забремнила, тврди новиот В.Д. Директор на Јавната установа за згрижување деца со социјално-воспитни проблеми, Даниел Алексовски.

„По, пронаоѓањето на штитетничката во Велес, и потврдата од полицијата дека имала сексуален однос таа е сместена во Шелтерот за жени и деца жртви на семејно насилство. Во тој период јавното обвинителство не отвори предмет и не покрена обвинение за да имаме правен основ да ја здржиме во установа од затворен тип како што е шелтерот. Таа е вратена во домовите од отворен карактер, и во периодот што следи забременува.“

По 9 пријави од старателите, 3 полициски интервенции и 2 кривични пријави за една година, обвинителстовто по 6 дена молк во јавноста соопшти.

„Доставена е Наредба за проверка на наводите  од пријавите и за организацијата и работењето во установата. Повикани се и се врши сослушување на повеќе лица кои можат да придонесат кон утврдување на фактите  и за кривичната одговорност. Во врска со последните информации кои се однесуваат на поголем број штитеници од установата, Обвинителството достави  писмено барање до Министерството за труд и социјална политика со цел прибирање на потребни податоци“.

Освен бременоста, девојчето во крвта имало и наркотици. Имало и подведувач – макро, вели министерката за труд и социјална работа Мила Царовска.  Но, се уште нема јасен одговор од институциите и новоформираната комисија како се случиле толку многу пропусти кај 25 деца за кои се грижат дури 12 обучени и образовани кадри. Ако се додадат и 18-те деца во домот „Ранка Милановиќќ во Гази Баба, се добива сликата дека државата тешко се справува со 44 деца со лошо поведение на државно ниво.

Споредбено, еден воспитувач опслужува, чува и се грижи цела работна смена за десетина бебиња и предшколски деца во градинките ширум државата. Решението според миниситерството за труд и социјална политика е да се расформриаат овие инстиуции, да се напуштат зградите, а децата да се групираат петмина и за нив пак да се грижат неколку профеисонлаци. За овој план потребно е најмалку една година за реформи.

Дотогаш останува отворени прашањето. Дали овие деца треба да се вратат на родителите а биле одземани од судовите заради, питачење, чедоморство, економски проблеми и нефункионални семејства.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ