
Јавното обвинителство ќе истражува криминал во тендерите на министерството за здравство
По, три недели од стопирањето на постапката тендерот за набавка на реагенси за 36 милиони евра отсега е предмет на јавното обвнителство. Одделението за гонење на организиран криминал и корупција ги читале, слушале и гледале информациите во медиумите и одлучиле да истражуваат криминал.
„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе предистражна постапка по допрен глас, заради постоење на индиции за повреда на законот при постапки на доделување на договори за јавни набавки во Министерството за здравство. Предметот се однесува на постапката за јавна набавка за биореагенси и тестови на крв во износ од 35 милиони евра и за набавка на лекови од веледрогерија за потребите на јавните здравствени установи без тендерска постапка во износ од 24,6 милиони денари“, велат од ОЈО.
Освен тендерскиот обид за централизирана набавка на реагенси за тестирање на крвта на граѓаните, обвинителство ќе го истражува и тендерот за набавка на лекови од веледрогеријата ДР- Пановски во висина од 24, 6 милиони евра. Оттаму информираат дека ќе соработуваат со сите инситуции кои можат а помогнат во решавање на случи поврзани со корупција. Министерството за здравство во април отпочнале постапка за јавна набавка на биореагнеси, а тендерот одекна во јавноста откако на повикот се јави само една фирма, германското претставништво на американската компанија АББОТ, со еден од подизведувачите, скопската новоформирана фирма АХР ЛАБ на Александар Јовановски.
Министерот за здравство Венко Филипче го поништи тендерот, но откако три македонски веледрогерии поднесоа жалби, а државната комисија посочи најмалку 7 законски прекршувања во водењето на тендерската постапка. Најчесто споменуван проблем во решенијата по жалбите беше тендерската постапка со која се фаворизира АББОТ. Прашани ,од министерството велат дека се согласуваат со одлуката на комисијата, и нема да се жалат пред управниот суд.
Доколку поминеше оваа набавка формата ќе имаше обврска о наредните три години да ја собира крвта на граѓаните, да ја транспортира и анализира во 12 лаборатории со опрема која самата се обврзала дека ќе ја обезбеди за сума од 36 милиони евра, а не како до сега секоја клиника за годишни потреби да набавува реагенси и да врши анализи со постоечките машини.
Павле Беловски