
Јавното обвинителство ја отфрли кривичната пријава против раководството на „Макпетрол“ поднесена во 2015-та од МВР
Јавното обвинителство ја отфрли кривичната пријава за злоупотреба на службената положба и овластување против првиот човек на акционерското друштво Макпетрол, Андреја Јосифовски и уште 20 членови на управниот и надзорниот одбор на компанијата и вработени во Централниот регистар, Комисијата за хартии од вредност и Централниот депозитар. Обвинителство потврди дека не е откриен криминал, не е отворен предмет, а случајот се затвора.
„Основното јавно обвинителство – Скопје ја прими и постапуваше по кривичната пријава поднесена од страна на Министерството за внатрешни. По, преземените дејствија за проверка на наводите во кривичната пријава, надлежниот јавен обвинител утврди дека во постапувањето на пријавените лица не се пронајдени елементи на наведеното кривично дело, по што донесе одлука за отфрлање на кривичната пријава.“
На обвинителството му беа потребни без малку 3 години да ги истражи наводите на полицијата, која на пресконференција во 2015-тата помпезно најави дека водела истрага, собрале докази дека во 2006-тата овие лица ја злоупотребиле службената положба и незаконски прелелале капитал од акционерското друштво „Макпетрол“ во командитното друштво со акции „Оилко“ во висина од 6 милиони евра.
Одлуката на обвинителството да ја отфрли кривичната пријава се поклопува со тогашните тврдења на осомничените дека врз раководството и сопствениците на акциите се врши притисок за превземање на компанијата од контроверзни фирми од странство.
По, само едена година од поднесената кривична пријава од МВР осамна понудата за преземање на „Макпетрол“. Прво стаса понудата од нереални 25 илјади денари за една акција, а по една седмица во интервју го откри и идентитетот и намерите првиот човек на фирмата понудувач „Балкан петролеум Холдинг Лимитед“. Рускиот бизнисмен, Александар Каплан се претстави како еден од инвеститорите, но зад „Балкан Петролеум“ официјално стоеше името на – Василиј Евдокимов.
Пред да ја прати понудата за превземање на „Макпетрол“, за нив двајца и нивниот трет партнер Олег Катунцев, истражувачкито тим на новинари со „Панама пејперс“ ги разобличи бизнис релациите со документите за офшор компании. „Балкан петролеум“ е основана од фирмата „Даволиа Холдинг“,со капитал од 1000 евра, а „Даволиа Холдингс лимитед“ пак е основана од две компании – „Далија Глобал Корпорејшн“ и „Валандес Асецст Корпорејшн“, и двете капитал од по 200 евра. Како основачи на овие две компании пак се јавуваат адвокатски канцеларии од Британските девствени острови, зад кои според класичната офшор шема се крие вистинскиот сопственик. И швјацарската банка УБС каде тие депонирале гаранција, влета во корупциски скандал.
Пред сите медиумски истраги и натписи молчеа надлежните инситуции. Финансиската полиција се огради дека не може да испитува сомничав капитал во странство ,а комисијата за хартии од вредност наместо одлука за отфрлање на понудата само ја стопираше постапката за преземање. Поддршка „Макпетрол“ да падне во раце на сомнителната компанија имаше и од сопственици на акции на Акционерското собрание кое се случи неколку дена по доставената понуда. Понудата беше одбиена, а компанијата продолжи со работа. Со кривичната пријава тогаш МВР велеше дека ги штити акционерите на А.Д. „Макпетрол“ од раководството кое на финансиска штета на компанијата склучува договори со фирмата ќерка „Оилко. „Оилко“ е формиран согласно законот и е најголемата компанија во регионот за пренос на нафта и нафтени деривати ,а А.Д. „Макептрол“ сите одлуки ги има донесено во согласнсот со акционерите и тогаш и сега е ставот на нафтениот гигант во земјава.
Павле Беловски