
Јавното мислење како фактор во надминувањето на проблемот со името
Грчкиот професор и претставник на невладината ЕЛИАМЕП- Јанис Армаколас не е голем оптмист дека во поставениот рок ќе се реши проблемот со името. Анализите на јавното мислење во Грција покажуваат дека ова прашање е повеќеслојно, кое во себе освен политичко – дипломатски контекст, содржи културни, идентитетски и емоционални елементи кои политичарите не можат да ги игнорираат.
Според него, јавното мислење секогаш ќе прави проблем кога ќе се отвори ова прашање, па оттука според него, работа на политичарите е да им објаснат на грѓаните како да ги надминат стереотипите и предрасудите. Во ова треба да се вклучи целото општество, а грчката јавност треба да биде разубедена дека, како што рече, вашата држава сака да превземе дел од нашата историја од античкиот период.
Важноста од правењето обид за освестување на граѓаните во двете држави за важноста на надминување на спорот го посочија сите учесници на дебатата организирана од страна на фондацијата Фридрих Еберт и Евротинк- Центар за европски стандарди. Љупчо Петковски од Евротинк како пример за подгревање на страстите го споемна проектот Скопје 2014-та.
Според Ана Чупевска од правниот факултет, станува збор за политички индуциран спор од минатите политики на двете страни. Прашањето според неа треба да се решава на три нивоа – политички лидери, институции и граѓански општества.
Сaња Јовановиќ Дамјановска