
Јавно – приватно партнерство за решение на горливиот проблем на Дојран
Дојран планира да го даде комуналното претпријатие под концесија или јавно приватно партнерство. Општината веќе осум месеци подготвува физибилити студија за оваа намена. Според градоначалникот Анго Ангов, на тој начин сакаат да се реши проблемот со канализационите мрежи во Дојран и околните населени места, што претставува горлив деценсиски проблем.
Канализациона мрежа е најголем предизвик за Дојран во текот на летната сезона, кога поради големиот број туристи, мрежата е преоптоварена а дел од туристичките капацитети се и со септички јами, што е сериозно загадување на животната средина, почвата и подземните води.
Жителите на Дојран велат дека Дојран расте, постојано се зголемуваат турситичките капацитети, и хотелски но и приватни.
Дојранското Езеро како едно од трите природни езера во државата е заштитено подрачје и за заштита од фекалните води изграден е колекторски систем во 1988. По триесет години од изградба на колекторот, се уште не е готова секундарната канализациона мрежа, поради што опфатот на фекалните води не е решен.
Сузана Мицева