
Јавно ќе се знаат имињата на лицата кои одбиваат да одат во самоизолација
Ако не можеме да ги изолираме ќе ги објавиме нивните имиња. Ова е одлуката во комсијата за заразни болести за четиристотни и педесет непослушни граѓани кои одбивале да ги примат решенијата за самоизолација. Денеска или утре списокот ќе биде објавен најави миниситерот за здравство Венко Филипче, разочаран од полицијата која несакала да им помогне на здравствените служби.
„Станува збор за 450 решенија за кои очекувавме помош од МВР, но тие не се поделија, ги вратија назад. Веројатно дека денеска или најдоцна утре ќе започнеме таканаречена јавна објава зашто, едноставно, луѓето не се достапни или даваат погрешни податоци во анкетните листови. Тоа се луѓе кои се огромен ризик ако се асимптоматски носители на вирусот и доколку се движат помеѓу луѓе и непочитуваат самоизолација може болеста да ја шират“, изјави Филипче при денешната посета на Прилеп одговарајќи на новинарско прашање.
Црвениот сигнал го вклучи државниот здравствен инспекторат нарекувајќи ги потенцијална здравствена бомба граѓаните кои ги кријат контактите.Најчесто немаат симптоми, но лесно го шират вирусот, а молчат со кого минувале време. Во тивката војна меѓу надлежните министри во боробата против короната стаса одговор и од првиот полицаец, според кого МВР нема повеќе капацитет сама да се справува со непослушните граѓани.
Полицијата нема да упаѓа на слави и прослави. Чулев, бара неселективнсот од јавното обвинителство за да се бори против ваквото однесување на граѓаните.
Ифтарски вечери, православни слави матури и други прослави се пришините како ескалираше кризата со пандемијата изминативе две недели, предизвикувајќи ги безмалку сите познати калстери ширум земјата. Дека граѓаните не се откажуваат од забавата и дружењето говорат видеата и сликите од граѓаните на социјланите мрежи. Додека вртоглаво растат бројките на заразени, здравствениот инспекторат само синоќа изготвил 705 решенија за самоизолација, а 210 граѓани го добиле и потпишале. Од феврураи навака скоро 8000 граѓани останале најмалку 14 дена во своите домови. Илајдници заработија кривиччни пријави и апрични казни затоа што се шетаа иако мораа да седат дома.
Павле Беловски