Јавните набавки со стари навики

Во 2017 година ништо не се сменило во однос на јавните набавки освен што е забележано рекордно ниско ниво на спроведени набавки. Останале главните проблеми корупцијата, најниската цена како единствен критериум за доделување договор, задоцнето плаќање и обемната документација.

Анализата на процесот за јавните набавки спроведени во периодот јули декември 2017  во кои учествувале 210 фирми, направена од Центарот за граѓански комуникации покажува дека,  задоволството на фирмите е влошено односно на вкупниот процес на јавни набавки на скалата од 1 до 5 фирмите му дале оценка под 3 односно 2,85.

Речиси сите фирми сметаат дека на е- аукциите се постигнуваат нереално ниски цени и се занемарува квалитетот на набавката а 88%  дека има корупција во јавните набавки. За наплата на завршената работа.

фирмите во просек чекаат по 6 месеци и 21 ден, пред 2 години просекот беше 8 месеци а лани 6 месеци.

Вредноста на лани склучените договори изнесува 624 мил.евра наспроти 962 мил. во 2016 .  Целосно или делумно е поништен секој 4 тендер или вкупно 4210 што е највисоко ниво во последните 4 години. Вредноста на ланските договори изнесува 624 мил. евра или 35% помалку од 2016 а, за нив биле потрошени само 19% од буџетот. Без објавување на оглас биле склучени 496 договори со вредност од 29 милиони евра а дури 42 % од нивната вредност припаѓа на две институции, Министерството за образование и АД ЕЛЕМ.

Виолета Зајкова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ