
Јавниот обвинител во средина меѓу власта и опозицијата за статусот на СЈО
Власта и опозицијата ја кројат иднината на СЈО, преку медиумите, а со последните прифатливи за нив предлози ја вплеткаа и функцијата јавен обвинител.
Премиерот Зоран Заев вели дека не разговарал со опозицијата, но му се допаѓа предлогот политичарите да не се мешаат во рабтоата на обвинителите.
Според последниот предлог во законот за јавно обвинителство Љубомир Јовевски и уште двајца искусни обвинители треба да одлучуваат на кои обвинители ќе им ги предадат предметите кои ги истражува СЈО, а за нив нема обвинение.
Прозван, Јовески не одговара и на телефонските повици дали за него е прифатлива оваа идеја да се преточи во законот, и тој да стане филтер на спорните истраги, меѓу кои и предмети против врхушката на ДУИ, поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, и бизнисмени блиски до поранешната власт. Овој концепт министерството за правда му го понудило на ВМРО-ДПМНЕ во преговорите за СЈО на 17-ти април, а и лидерот Христијан Мицковски не криеше дека е добра идејата одлуките за истраги да ја носат обвинители, а не политичари.
Денеска, истите зборови ги повтори и Заев,но без да одговори дали на повидок е конечено законско решение за судбината на СЈО.
ВМРО-ДПМНЕ деновиве пишува, а најави дека од понеделник и писмено ќе ги испрати своите конечени забелешки на последниот предлог.
Оттаму неофицијално реагираат на изјавите на премиерот дека тие и до сега биле конструктивни во кроењето на зкаонското решение, а доставиле и шеесетина амандмани, и учествувале на неколкуте работни средби.
Павле Беловски