Јавниот долг и сивата економија едни од клучните економски проблеми на земјата

Стабилизација на јавниот долг, евро клаузулите на заемите, сивата економија, даночната политика, невработеноста на младите, се клучните предизвици нотирани од ЕУ за македонските структурни реформи и фискалата политика. Програмата за економските реформи на земјава денеска во Брисел беше разгледамна од советот на министри за финансии и гуверенерите на националните банки и доби неколку забалешки.

Првиот предизвик е стабилизација на јвниот долг. Вториот е високиот степен на евоизација на заемите. Тоа важи и за депозитите и за банките, но и за заемите. Тоа ги комплицира работата на Народната банка за давање на заеми во денари. Ризично е поголемиот дел од заемите да е во евра, изјави, Фрек Јанмат, шеф на Оддел за економија во Делегацијата на ЕУ.

Сивата економија пак е предизвик со самиот факт што опфаќа од 20 до 40 проценти од БДП и 18 проценти од вкупниот број на вработени, при што не се плаќаат даноци и други давачки.

Постоти проблем со компанините кои не плаќаат даноци и тоа влијае врз собирањето на даноците, рече Фрек Јанмат, шеф на Оддел за економија во Делегацијата на ЕУ.

Неконктурентноста на македонските компании, нивната невклученост во глобалниот синџир на вредност е исто така еден од нотираните проблеми. Унијата забележува дека невработеноста на младите во земјава е алармантна со оглед дека таа изнесува 45 проценти наспроти 15 на ново на Унијата.

Во контекст на овие предизвици министерскиот совет на Унијата денеска усвои шест препораки за спроведување на економската програма на земјава.

Да се стабилизира содносот на долгот со тоа што ќе се премине на примарен буџет. Тоа во основа е разликата меѓу трошењети на државата и она што го собира. Сега имаме примарен буџетски дефицит и советуваме државата да има поурамнотежен примарен буџет за да троши толку колку што собира, вели Фрек Јанмат, шеф на Оддел за економија во Делегацијата на ЕУ.

Меѓу другото Унијата предлага спроведување на буџетските јавните капитални расходи.

Големите инфраструктурни актибвности, мостовите, улиците, проекти во енергетиката, на почетокот на годината државата планира одредени трошоци, што до крајот на годината не се спроведува. Може да има различни причини за тоа планираните трошоци не се потрошени. Тоа е штета, бидејќи овие средства можат да го поттикнат развојот на економијата, изјави Фрек Јанмат, шеф на Оддел за економија во Делегацијата на ЕУ.

Се препорачува и консолидација на пензиите согласно инфлацијата, како и мерки за подобро собирање на даноците од страна на УЈП.

Дадена е и препорака за вклучување на долгот на јавните претпријатија во јавниот долг на држават, а ее бара и одобрување на новиот закон за буџет заедно со фискалните правила и независниот фискален совет. За финансискиот сектор се препорачува од евроизација на заемите да се премине на денаризација, што ќе го намали ризикот за зголемување на процентот на нефункционални заеми. Исто така се нотира дека постојат 28 инспекторати во земјава чии ингеренции за контрола врз компаниите се преклопуваат. Невработеноста на кај младите ќе се надмине со реформи на социјалната заштита, како и модернизацијата на образовниот систем на сите нивоа.

ЕУ препорачува земјата препораките да го спроведе во рок од една година, за што позитивно е оценет акцискиот план на владата за тоа.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ