
Јавната администрација нема да работи на втори јануари
Втори јануари ќе биде неработен ден за јавната администрација. Одлуката ја донесе владата, на денешната седница и препорача истото да го прифати и приватниот сектор.
Во соопштението на владата, по денешната седница, нема образложение за ваквата одлука.
Инаку, според Законот за празници, неработен ден за сите граѓани е први јануари, Нова година.