
Јавна расправа за Законот за енергетика
Неефикасно работење, неекипираност и слабо познавање на проблематиката, вакви карактеристики заработи РКЕ на јавната расправа по нацрт Законот за енергетика. Новиот закон носи нови надлежности за комисијата, рече Претседателот на ЕЕЗ Јанез Копач, таа е како Уставен суд, кој ќе ги штити интересите на потрошувачите.
Во други земји оваа комисија е добро екипирана и има многу знаење.Оваа во Македонија како да е заглавена во времето. Законот носи нови надлежности за РКЕ но не и можност да поведува прекршочна постапка и да изрекува парични казни за учесници на пазарот. За да биде силен регулаторот потребна е добра екипираност и знаење, кажа Јанез Копач од Европската енергетска заедница.
Според здружението „Но Пасаран“, досегашниот начин на работа на РКЕ ја зголемила енергетската сиромаштија кај граѓаните. Побараа да се намалат платите на членовите а граѓаните да не плаќаат за тоа што не го добиваат.
„Снабдувачот да не е ДООЕЛ. Фактурите да се однесуваат на точно потрошени количини топлинска енергија, кажа Марјан Ненов од „NO Pasaran“
Вицепремиерот Кочо Анѓушев вети решение во корист на граѓаните. Во законот предвидено е овој проблем да се реши со подзаконски акти рече тој потенцирајки дека законот се носи за доброто на сите, обезбедува конкурентност во енергетскиот сектор што значи поквалитетни услуги за сите. Расправата по предлог законот продолжува и следната недела, а неговата примена се планира од 2019.
Виолета З Стојановска