Јавна расправа за Предлог-законските измени за воведување заедничко родителство по развод

Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе одржи јавна расправа на тема „Предлог-законски измени за воведување заедничко родителство по развод”.

Покрај членовите и заменик-членовите на Комисијата, на јавната расправа се поканети пратениците во  Собранието, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, народниот правобранител, претставници од Заводот за ментално здравје, од Институтот Алтернатива, од Националниот совет за родова еднаквост, адвокатски друштва, од судови (семеен оддел), но и од Советот на Европа, НДИ, центри за социјална работа, од Заводот за социјални дејности, како и сите други институции кои се засегнати од оваа област.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ