Јавна расправа за Предлог законот за висока раководна служба

Поради се поголемите критики за политизирана администрација, ќе се носи закон за висока раководна служба со кој се воведува нов систем на раководната служба. Со овој закон треба да се разграничи што е политичко именување, а што раководна служба која треба да се професионализира и да биде надвор од политичките влијанија.

Поради тоа Министерството за информатичко општество и администрација денеска организира јавна расправа за Предлог-текстот на законот за висока раководна служба чија цел е да се слушнат забелешките и предлозите на сите засегнати страни со цел да се подобри текстот на законот кој веќе е објавен на ЕНЕР.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ