
Јанушев, шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев ќе биде шеф на Републичкиот изборен штаб на претстојните предвремени парламентарни избори, било одлучено на седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Јанушев до следната седница на Комитетот треба да предложи состав на Изборниот штаб.
На состанокот членовите на ИК ги анализирале и досегашниот тек на акцијата „Обнова на Македонија“ и проблемите со кои се соочуваат граѓаните кои им се обратиле.