
Јанушев: Се освен победа на Силјановска е изборен инженеринг
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, изјави дека неговата партија, се сомнева за изборен инженеринг.
„Се освен победа на професорката Сиљановска, е изборен фалсификат“, смета тој.
Според Јанушев, регистрирани се случаи на организирано гласање, семејно гласање, поткуп, злоупотреба на полицијата.
Тој додаде дека во Прилеп, Ново Село, Шуто Оризари, Битола и Штип биле забележани случаи на организирано гласање со такси превоз. Овие општини, според генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, биле под полициска опсада и имало случаи на закани за апсење на луѓе.