Јанушев: Ќе ги искористиме сите механизми за да го блокираме носењето на законите на власта

Владејачката партија на шверцерски начин сака да ги протне новите законски измени за да добие лична корист пред формирањето на техничката влада, и ние ќе сториме се за тоа да го блокираме, вели генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ, Игор Јанушев, во вечерашната Топ Тема. Тој рече дека дека партијата намерно ги блокира законите за Јавно обвинителство и изборниот законик за една изборна единица, како и законот за одбрана кој е неопходен да се донесе со оглед на влезот на државата во НАТО.

-ОДИХР и ОБСЕ препорачуваат да не се прави промена на изборниот модел најмалу 1 година пред изборите. Ниту еден изборен законик не е донесен без консензус, ова е обид на сила да се донесе, ќе ги искористиме сите механизми да го блокираме тој закон. 

Јанушев рече дека меѓународната заедница не реагирала за 6.000 амандмани кои ги поднесе ВМРО ДПМНЕ и ДУИ до Собранието, а кои утре ќе се најдат на собраниска комисија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ