Јанкуловски во Топ Тема: Уредбата на владата со која се запре процедурата за избор на ректор, секако претставува упад во автономија на универзитетот

Уредбата на владата од 5-ти Јуни за со кој се ставија во мирување сите почнати постапки за избор на раководен орган пред нејзиното донесување, вклучувајќи го и изборот на нов ректор на УКИМ, секако претставува упад во автономијата на универзитетот, изјави во вечерашната Топ Тема, актуелниот ректор, Никола Јанкуловски.

“Немаме генерален акт во државата кој ги спречува изборите во вонредна состојба. Ова дополнување на уредбата од владата ги замрзна овие избори, но по крај на вонредната состојба, треба да продолжат изборите. Зошто да се замрзнат само ректорските избори а гледаме дека се отвораат моловите, продавниците, кафеаните, значи се друго функционира” – изјави Јанкуловски.

Во однос на жалбите и реакциите на дел од кандидатите за ректор дека целиот конкурс траел премногу кратко, Јанкуловски подвлече дека роковите се кратки заради пандемијата корона вирус. Тој сепак посочи дека тоа не претставува пречка некој да конкурира, затоа што одлуката за отпочнување на процедурата за избор на ректор на универзитетот “Кирил и Методиј” била донесена на 16-ти Март и секој заинтересиран кандидат имал најмалку 90 дена да напише програма. За еден етаблиран редовен професор,не значат ништо тие 5 или 10 дена и доколку ток има визија, може да биде препознаен од академската заедница, вели Јанкуловски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ