
Јанкуловска тврди дека била дискриминирана од Кацарска, таа негира дека го прекршила законот
Јанкуловска тврди Кацарска била пристрасна и ја дискриминирала по пол и политичка ориентација, судијката придружувана со двајца адвокати одговори дека 33 години работела професионално и совесно, па така и во случајот Тенк не го прекршила законот.
Судијката сакала да ја осуди ексминистерката во експресен рок,судењата траеле и по 10 часа,се сослушувале и по 9 сведоци, на јавноста и биле откриени приватни информации за здравствената состојба на Јанкуловска.
Ова беа дел од забелешките кои адвокатот и сопруг на Јанкуловска, Влатко Илиевски ги кажа пред 3 члената комисија на судскиот совет – зошто бара разршување на Кацарска која и пресуди 6 години затвор за случајот Тенк.
Не најдов друг случај каде обвинета жена во поодмината бременост а потоа и со бебе била вака третирана посочи Илиевски кој во своето излагање цитираше конвенции и пресуди од судот во Стразбур
На Јанкуловска и беа почитувани сите права.
Два месеца по породувањето немаше судења а потоа ја прашував Јанкуловска кога и одговара да има има пауза за да оди кај бебето одговори Кацарска.
Таа истакна дека ексминистерката на почетокот не кажувала дека е трудна,
но кога се дознало во нејзин интерес ја раздвоила постапката.
Ако Јанкуловска, како член на извршна власт иницираше законски измени со кои на бремени жени и мајки не треба да им се суди јас тоа ќе го почитував рече судијката и посочи дека и во минатото бремени жени се притварале и им се судело.
Често закажувала рочишта не само за Тенк туку и во предметите за 27 април и за 300. Посочи дека ов незината судница сите се еднакви и дека не може некого да дискриминира бидејки не е член на партија.
Комисијата во наредните 15 дена ќе треба да достави извештај до сите членови на судскиот совет и потоа да се закаже седница за одлука.
Елена Ивановска Мукоска