Јанкулоска ќе мора да се појави на суд за 45 дена

Титаникот на СЈО против 20-мина партиски функционери на чело со екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ќе остане укотвен на брегот додека трае судската ферија. Судењето се одложи поради ексминистерката за внатрешни Гордана Јанкуловска која се породи минатата недела. Нејзината адвокатка извести дека се уште е во болница. Судијата Осман Шабани и испрати порака дека има 45 дена да се одмори и да ужива со бебето а потоа задолжително да дојде на рочиштето на 16-ти август.

Дел од адвокатите писмено побарале јавноста да ги слуша бомбите, кои ги има над 1.000 во „Титаник“, но судијата дополнително ќе се прозинесе по ваквиот предлог.

На крајот на август Јанкуловска ја чека и судењето за „Тенк“. Минатата недела судијката Добрила Кацарска рече нема да прифаќа повеке одложувања. Кацарска потенцираше дека следното рочиште го закажала по 60-тина дена, подолг период од 45-те дена за кои Јанкуловска пишала во отвореното писмо дека и следуваат.

Во мегувреме пресудата за „Тенк“ напишана на 230 страници ја примиле и Груевски и Поповски и нивните адвокати веќе почнеле да понесуваат жалби.

И додека  предметот за блиндирнаиот мерцедес оди во повисокиот апелационен суд, кој жалбите ќе ги анализира по летните одмори, Груевски се уште доаѓа во Кривичниот за уште 4 други предмети. Денеска имаше две судења во 10 ипол и 11. За „Титаник“ задоцни па затоа го нема на снимките од медиумите. Изјава не сакаше да даде.

Останатите обвинети за „Титаник“ си заминаа, но освен Груевски на следното судење останаа и за уривањето на Косомос и ексминистерот Миле Јанкиески, кој е обвинет и во „ТНТ“ а денешното рочиште беше планирано за материјални докази.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ