Јанковиќ: Очекуваме беспрекорно да протече ратификацијата на договорот од Преспа

Церемонијата на видео бим се следеше и во владата, каде присуствуваше претставникот на нато во македонија, зоран јанковиќ, заменик министерот за надворешни андреј жерновски. Еве ја пораката од на Зоран Јанковиќ, претставник на НАТО во Македонија.

Ова значи дека од денеска, Македонија ќе може да присуствува на сите клучни формати на Алијансата, но нема да има право на глас, сѐ додека не се стекне со потребното знаење и искуство. По денешното потпишување, почнува процесот на ратификација на протоколот од страна на парламентите на сите земји членки на НАТО, процес кој може да трае до година и половина.  Грција треба да биде првата земја што ќе го ратификува овој протокол. Парламентарната седница во Атина е закажана за в петок, 8 февруари, со што, симболично, Грција ќе и ја „отвори“ вратата за НАТО на Македонија, единаесет години откако ја блокираше во Букурешт.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ