
Јаневски: да запре недисциплинираното однесување
Граѓаните да држат дистанца и да не се движат во групи, а да излегуваат само по потреба, струмичкиот градоначалник доцна синоќа се упати со молба до струмичани. Во пораката тој вели дека не им апелира туку ги замолува да бидат внимателни и да ги почитуваат мерките утврдени за заштита од ширење на кроонавирусот.
Од Свр Струмица велат дека забраната за движење изминатите 24 часа ја прекршиле тројца граѓани, а против тројца граѓани од Валандово се поднесени кривични пројави поради истата причина.
Во секторот за внатрешни работи се евидентирани и пет нови лица кои се во самоизолација.
Сузана Мицева