Јанева три часа ги разгледуваше доказите за „Рекет“

Неколку денови ќе трае увидот во доказите кои Обвинителството за организиран криминал и корупција ги има против екс специјалната обвинителка Катица Јанева. Во четири и пол часови, колку што нејзините адвокати ги разгледдуваа доказите, и 3 часа колку што истот го правеше и Јанева не можело да се види се.

До снимките од посебните истражни мерки со кои е следена Јанева се уште не се стигнати, но таа ги видела сведочењата на нејзините доскорешни колеги од Специјалното обвинителство Бурим Рустеми, Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска.

Јанева немала коментар на овие сведочења, но не можела да ги види ниту сведочењата на осомничениот во истрагата Зоран Милевски Кичеец. Тој веќе има дадено исказ во своја одбрана и е во домашен притвор, но обвинителката Русковска, упатила тој исказ да го бараат од неговите бранители. Истото се случи и вчера кога Боки 13 вршеше увид во доказите против него.

Инаку во истрагата „Рекет“ Јанева е трето осомничена и се очекува по разгледувањето на сите докази да ја спреми својата одбрана. Таа тоа ќе го стори од притвор бидејќи судот и го продолжи и во затворот во Шутка е уште од 21 август кога беше упасена. Ден претходно таа даде свој исказ ама како лице кое би можело да помогне во истрагата.

Осомничена е за злоупотреба на службената положба, за влијание во истрагата на СЈО Империја откако Бојан Јовановски и Зоран Милевски земале милион и пол евра од осомничениот бизнисмен Орце Камчев.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ