(видео) Јанева стигна на распит-ќе дава исказ “за да ја забрза истрагата”

Специјалната обвинителка во оставка Катица Јанева во 10:08 часот пристигна во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, каде ја пречека адвокатот Стефан Павлески.

На влегувањето даде кратка изјава и посочи дека е специјален обвинител и ќе продолжи со постапките и со истрагите на СЈО.

-Се надевам дека со моите аргументи и изјава ќе има забрзување на истрагата, рече Јанева пред влегувањето во зградата на обвинителството иако новинарите и поставуваа прашања за рекетот и каде се парите.

Јанева ќе даде исказ во рамките на истрагата за рекетот во кој првоосомничен е Бојан Јовановски – Боки 13, а второ осомничен е Зоран Милески викан Кичеец.

Јанева се слуша на снимките од доказите снимени од Орце Камчев кои беа објавени во италијанскиот весник Ла верита.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ