
(видео) Јанева со полициска придружба се упати кон Кривичен суд, каде ќе се одлучува за мерката притвор
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со полициска придружба го напушти нејзиниот дом во Козле и се упати кон Кривичниот суд, каде ќе биде изведена пред судија во претходна постапка, кој треба да одлучи по барање на ЈО за одредување мерка притвор.
Полицијата денеска два пати вршеше претрес во домот на Јанева во Козле. Таа беше приведена попладнево од полицијата по налог на ЈО, а по претресот во нејзиниот дом беше одведена во канцеларијата во Специјалното јавно обвинителство, од каде со налог и беше одземен компјутерот. Потоа специјалната обвинителка повторно беше вратена во домот во Козле, од каде мебел и други предмети беа изнесени со камион. Претрес е вршен и во нејзината куќа во Гевгелија.