Јанева со писмо до СЈО- сите предмети да се предадат до државното обвинителство

Катица Јанева која е во притвор во затврото во Шуто Оризари во Скопје поради случајот „Рекет“, испратила писмо до СЈО со барање сите предмети да се предадат до државното обвинителство.

Причина за ваквото нејзино барање е затоа што му истекува рокот за работа на ова обвинителство.

За Телма, од СЈО потврдуваат дека пристигнало кај нив вакво барање од Јанева.

„Во текот на вчерашниот ден до ова Јавно обвинителство од страна на Основниот кривичен суд Скопје доставено е полномошно кое Катица Јанева преку КПУ „Затвор Скопје“ го доставува до ова Јавно обвинителство.

-Со полномошното Јанева ги овластува обвинителите во ова Јавно обвинителство да ги предадат на Јавното обвинителство на РСМ предметите кои се водат во ова Јавно обвинителство и тоа: кривичните предмети во судење, во истрага и во предистрага.

-Имајќи го предвид законот за СЈО и одредбите за  автономија на Обвинителството, во текот на денешниот ден ќе биде испратен допис до Јавното обвнителство на РСМ со цел запознавање на Јавниот обвинител на РСМ со ваквото полномошно, по што ќе биде донесена одлука за евентуално понатамошно постапување“ стои во соопштението кое пред малку го објави СЈО.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ