Јанева смета дека не е виновна

Повеќе од 4 часа, специјалната обвинителка Јанева помина во посета на колегите од организиран криминал. Не дојде сама туку ја пречека адвокатот Стеван Павлески кој заедно со неа присуствувал на давањето исказ во истрагата за рекетот. Не сподели никакви информации туку бара стрпливост од новинарите. Не сакаше ниту да потврди дали нејзиниот глас се слуша на италијанските бомби со Боки 13, Орце Камчев и Зоки Кичеец.

По излегувањето од распитот Јанева рече дека секогаш носела правен консултант со неа, тој пак ја смируваше со зборовите дека пред новинарите не е на распит.

Специјалната обвинителка смета дека е сведок, дека не е виновна за случувањата, и кратко одговараше на новинарските прашања.

Утрово неколку минути по терминот за распит таа стигна со службен автомобил од СЈО. По големиот интерес на новинарите застана и даде изјава дека се уште е специјален јавен обвинител и дека очекува разврска на своите случаи, како и побрза истрага за рекетот.

Јанева е снимена во комуникација со Камчев и со првоосомничениот Бојан Јовановски Боки 13. Претходно тврдеше дека комуникацијата е дел од договор за спогодба, но во италијанските бомби се појавија и снимките од нареден милион евра во луксузна торба, која на крај завршува во рацете на Зоран Милески Кичеец кој е во друштво на Јовановски, кој досега единствен до снимките направени од Орце Камчев, досега не дал исказ иако е во притвор втор месец.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ