
Јанева останува во Шутка
Апелацискиот суд денеска и официјално донесе одлука дека Катица Јанева останува во Шутка. Иако, судот ја добил информацијата дека истрагата е завршена, сепак судиите од Апелација се воделе до фактот што сѐ уште постои можност за бегство, па затоа донеле одлука Јанева да остане во притвор.
Претходно Кривичниот суд ја одби гаранцијата од движен и недвижен имот кој Јанева го понуди како гаранција за да ѝ биде одредено поблага мерка. Поради завршената истрага и новите околности нејзините адвокати најавија дека ќе бараат одново Кривичниот суд да ја преиспита одлуката и на Јанева да ѝ се одреди поблага мерка или куќен притвор.
Катица Јанева од 21 август е во притвор како третоосомничена во случајот „Рекет“.