
Јанева нуди три станови за слобода, а додека беше во СЈО се подновила само со ауди А6
Три станови нуди екс специјалната обвинителка Катица Јанева за да се брани од слобода. Ова за Телма го потврди нејзината адвокатка Ирена Фрчковска, која вели дека се работи за недвижности кои се нејзина и сопственост на фамилијата на Јанева.
Колкава е точната вредност на имотот кој го заложила Јанева за сега не се открива но барањето за укинување на притворот веќе е испратено до судот.
А ако се погледне имотната состојба на јанева која е објавена преку анкетниот лист во антикорупциската комисија како личен имот поранешната специјална обвинителка пријавила куќа во Гевгелија од 370 квадрати која е проценета на околу 100 илјади евра.
Нејзините две деца пак имаат по еден стан во Скопје а двата вкупно чинат околу 160 илјади евра.
Телма ги доби и промените кои ги пријавила Јанева во анкетниот лист од 2015 та па се до нејзиното притворање. А има само една и тоа регистрирана само два месеци пред да и биде одреден притворот.
На 10 јуни годинава Катица Јанева пријавила го зголемила возниот парк за ауди а6, но во сопственост е под шифра Д, што значи дека е имот на дете. Аудито произведено 2005 со истата гевгелиска регистрација често беше паркирано пред куќата во која престојуваше Јанева во скопско Козле, а тоа се гледа и од овие снимките направени во периодот кога се отвори истрагата рекет.
За сега обвинителството кое ја води истрагата во која е осомничена и Јанева не побарало информации од ДКСК за движењето на нејзиниот имот.
Во четири годишниот мандат Јанева пак постојано одбиваше да открие колкави месечни примања има како специјален јавен обвинител и тоа се во име на спречување на корупцијата.
Јанева има рок до 14 октомври да го поднесе финалниот анкетен лист за нејзиниот имот.
За сега не се знае дали тоа ќе го стори од притвор доколку и биде продолжен или пак од слобода, ако судот ја прифати незината гаранција.
Судот пак до петок ќе треба да ја донесе својата одлука бидејќи до тогаш навршуваат триесет денови откако поранешната обвинителка ја издржува мерката.
Билјана Николовска