Јанева на преглед во приватна клиника

Поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска ќе биде однесена на кардиолошки преглед во приватната клиника Жан Митрев. Судот го одобрил нејзиното барање на сопствен трошок да се јави на кардиолошко-интернистички преглед поради нарушената здравствена состојба, со висок притисок и анксиозност.

До сега поранешната специјална обвинителка добиваше дијагноза и терапија од затворската амбуланта и ова ќе биде прв преглед надвор од неа.

Поради нарушената задравствена состојба нејзините адвокати бараа замена на мерката притвор со куќен, но судот го отфрли барањето.  

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ