Јанева на боледување ВМРО ДПМНЕ обвинува дека Заев ја штити

Во понеделникот Јанева најави оставка без да ги извести колегите а ден потоа  тие се собраа и испратија порака преку медиумните дека и СЈО не го чинат поедниците. Од тогаш и се губи траг до денеска. Отворила боледување од 16-ти јули за кое во СЈО биле известени денеска.

Од СЈО не откриваат какви здравствени проблеми има Јанева ниту која здравствена институција и го издала. Нејзиното боледување се совпаѓа не само со оставката туку и со истрагата за рекет со која во притвор завршија Бојан Јовановски и Зоран Милевски, а вечерта по налог на обвинителството за организиран криминал полицајци трпнаа  во нејзиниот дом за да и ги одземат телефоните. Едниот го земале и според информациите на Телма  се уште се вештачи, а другиот Јанева рекла дека го изгубила па сега треба да се утврди која е последната локација на која бил вклучен и кои се повиците кои биле направени.

Јанева не е дел од истрагата Рекет а опозицијата обивнува дека премиерот Заев е тој што ја штити од притвор. Според информациите до кои дошле од партијата Јанева повеќе не е во државата . Прашуваат дали е точно дека Јанева во домот на Јовановски и во присуство на висок функционер од СДСМ ги договарале обвиненијата на СЈО.

  • Зоран Заев иако се прави наивен, постојат сериозни индиции дека токму тој во неколку наврати остварувал средби осомничените од рекетарската банда.
  • Дали е точно дека изминатиот викенд еден од сега осомничените за рекет, дел од криминалниот октопод на Заев, славел заедно со Заев во еден од локалите во Охрид до раните утрински часови?
  • Дали е точно дека еден од обвинетите имал чести средби со член на семејството Заеви во еден ресторан на кејот на реката Вардар во центарот на Скопје каде се договарале идни „жртви на уцени“, биле давани насоки и упатства?, рече Благица Ласовска, ВМРО – ДПМНЕ.

И СДСМ излезе со прашања за лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Мицковски.

Дали со еден од осомничените на кои им е одредена мерка притвор имал неколку средби во една позната дискотека, а потоа и во белиот дворец? Дали посегнал по парите на еден од осомничените? Мицкоски е против правдата затоа што единствена негова мисија и цел е одбрана на криминалот на вистинскиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. стои во соопштението од СДСМ.

Истражните органи денеска воздржани. Многуте информации кои кружат во јанвоста за инволвираност во уценувачката мрежа и на други влијатлени личности во општеството не ги потврдуваат.  Телма дознава дека вчера биле вршени претреси на уште две локации. Во апартман во близина на охрид на осомничениот Зоран Милески Кичеец и во кука на неговиот татко во Дебарца.

Елена Иванова Муковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ