Јанева ќе врши увид во доказите против неа па после ќе дава исказ

Истрагата за злоупотреба на службената положба на екс специјалната обвинителка Катица Јанева е целосно завршена. Но таа увид во доказите, кои ги има нејзината доскорешна колешка Вилма Русковска, не направи. Поранешната и обвинителката која ја гони се договориле во четврток Јанева да ги види доказите па по тоа да даде исказ во своја одбрана. Двајцата адвокати Ирена Фрчковска и Дељо Кадиев од обвинителството излегоа само после половина час, велат дека е повредена процедурата бидејќи Русковска ја завршила истрагата „Рекет“ без да даде исказ од обвинетата.

Катица Јанева е третоосомничена во истрагата „Рекет“. Нејзиниот глас можеше да се слушне на снимките кои ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“ а со кои се потврдуваа тврдењата на бизнисменот Орце Камчев дека дал милион и пол евра на Боки 13 и Зоран Кичеец, за да се влијае во истрагата на СЈО против него наречена „Империја“. Поради ова Јанева е во притвор повеќе од еден месец, а адвокатите се надеваат дека со завршување на истрагата ќе биде ослободена да се брани од слобода и со дадена гаранција.

Увид во доказите Јанева ќе има во четврок па по тоа се очекува нејзиниот распит. Таа еднаш веќе се најде очи во очи со Русковска, ден пред да биде уапсена. Тогаш беше повикана како лице кое би можело да и помогне на истрагата, по што таа изјави дека се надева дека тоа и го сторила. Во меѓувреме таа е разрешена од специјален јавен обвинител, но и обвинител во гевгелиското обвинителство а решенијата на Советот на обвинители веќе пристигнале и кај адвокатите. Како ќе постапат ќе откријат откако ке ги анализираат решенијата.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ