
Јанева ќе добие нови адвокати ако нејзините не оздрават до понеделник, Боки 13 се жали дека е во предмалигна состојба
Дискриминирачки е Бојан Јовановски да е во затвор, а двајцата обвинети во истиот процес во куќен притвор. На овој начин адвокатот на Боки 13, го убедуваше судијата Зоран Димитриевски кој претходно беше дел од судиите кои ја ослободи Јанева, дека Јовановски не треба да е во притвор. НА јавната седница која се одржа во апелационииот суд Му презентираше еден куп лекарски дијагнози кои кажуваат дека условите во затворот можат да го убијат Јаневски.
Претходно на денешното рочиште за рекет, Боки 13 на судијката и повтори дека не може повеќе да издржи в и дека е во предмалигна состојба.
Во изминативе неколку месеци на лекар сум носен 55 пати. Не сум експериментален глушец. Ве молам да не си играте со мојот живот, порача Бојан Јовановски.
Инаку на рочиштето Катица јанева повторно дојде без двајцата нејзини адвокати. Понеделник е крајниот рок до кога тие треба да оздрават. Ако не судот ќе и назначи по службена должност. Судијката Васка Николовска Масевски ваквата одлука ја правда бидејќи немала убедлива здравствена документација која ќе потврди дека и Ирена Фрчковска и Дељо Кадиев се во толку лоша состојба што не можат да дојдат на судење. Од друга страна вели дека еден од обвинетите е во притвор па поради тоа судењетѕо мора да се забрза. Ја праша Јанева дали сака сама да си најде нови адвокати или судот да и назначи.
Јас си имам бранители. Само тоа можам да кажам, вие одлучете, рече Јанева.
Инаку од тројцата обвинети во случајот само Бојан Јовановски е во притвор додека Јанева и Милевски се во куќен притвор. Денеска беше втор обид да сведочи доскорашната колоешка на специјалната обвинителка, обвинителката Лиле Стефанова но обидот пропадна поради тоа што адвокатите се болни. Стефанова е обвинителката од СЈО која ја води истрагата за Империја во која е осомничен Камчев кој го пријави рекетирањето.
Билјана Николовска