Јанева: И без бомбите СЈО има докази

Бомбите кои во овие кутии на 30 јуни 2017 влегоа во судот се и последни кои ќе се слушаат во судниците. За сите други истраги отворени подоцна  како Империја за Каачев и Мијалков, Попис за Ахмети и Груевкси Мокник за Милошоски и Пациент за Османи јавноста нема да ги слушне разговорите. Специјалната обвинителка Катица Јанева вели има доволно докази и без бомбите. Задоволна е од законот а како најважно го истакнува тоа што со него се овозможува сите предмети кои ги отворила со нејзиниот тим да продолжат.

Јанева најави отворање на поголеми предмети за висока корупција но не исклучува и дека можеби некој политичар ќе се спаси без бомбите како докази.

За предметот „Попис“ кој е во истрага не сака да го коментира, кога би имало обивнение и како ќе влијае тоа што нема да има бомби. За тоа што Врховен веќе ги пушти од куќен притвор Камчев, Панделевски и Јосифовиќ од „Империја“ а можно е да излезе и Мијалков, вели има опции да бара повторно мерки за обезбедување за други предмети.

Јанева во владата потпишуваше меморандум за превенција на корупција и перење пари заедно со други обвинители, судии, министри, антикорупционери а преку едно столче од неа седеше претседателот на врховнот суд Јово Вангеловски но тој не даде изјава, си замина уште пред да заврши настанот. Јанева разговараше со државниот обвинител Јовески, пред кого во идиниа ќе одговара за својата работа.

Министерката за правда не откри под чие политичко влијание бомбите не се докази во новите истраги, но вели ова законско решение обезбедува да продолжат сите постапки и да нема никаква скриена амнестија.

Засега нема двотретинско мнозинство обедбедено за законот потврди министерката. Јанева пак тврди дека имала средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицковски иницирана од негова страна, но вели дека само побарала поддршка за законот и ги отфрли обвинувањата дека го уценувала со замрзнатото партиско седиште.

Елена Ивановска Мукоска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ