Јанева депонира оставка, ќе биде активирана штом се постигне договор за законот за СЈО

На точно два месеца пред да и истече мандатот специјалната обивнителка Катица Јанева си поднесува оставка но за да напушти шефовската позиција во СЈО го условува со избор на нејззин наследник

Со месеци ги следам медиумските прилози за преговорите меѓу работните групи на политичките партиите за иднината на Специјалното јавно обвинителство. Еве, денес ја користам приликата да ја информирам јавноста дека јас нема да дозволам моето име да биде искористено за нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на Специјалното јавно обвинителство и Европските интеграции на мојата земја. Ја депонирам мојата оставка која ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат мојот наследник, напиша Катица Јанева во оставката.

Оваа оствака доаѓа во време кога преговорите за законот за  јавно обвинителство се во ќорсокак, ВМРО ДПМНЕ најви нов закон на преговарачка маса а премиерот Заев повикува на лидерска средба. Јанева беше една од темите околу кои власта и опозицијата се препукуваа изминатиот период.  Додека вмро дпмне ја критикуваше дека е продолжена рака на власта и бараа начин да го оневозможи нејзин реизбор, власта на чело со премиерот и даваа целосна поддршка на Јанева и нејзиниот тим.

Во писмото со оставката, Јанева  потсетува дека  дека се нафатила да биде специјален обвинител во исклучително тешки околности и целосно свесна за задачата, им се заблагодара на целиот тим на СЈО и им порачува дека трба да бидат горди затоа што испишале историја и претставуваат симбол за бескомпромисна борба против највисоките облици на организиран криминал и корупција.

Во првите години од работењето особено додека се соочуваше со препреки во работата од страна на претходната власт, СЈО беше институција со нависока доверба и поддршка од јавноста, која последнава година почна да опаѓа и се зголемија критики во јавноста кои се  достигнаа кулминација со бегството на експремиерот Груевски и промени на сјо во однос на притворите на поранешните функционери на вмро дпмне и бизнисмени осомничени во империја.

Политичарите сега преку  преговори го кројат новото СЈО а експертите препознаваат пазарења за спас од одговорност. За бомбите веќе беше договорено да не се користат како докази во иднина, но остануваат разликите околу новоотворените истраги на СЈО.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ