Јанева бара од Судот повеќе рочишта за предметите на СЈО

Специјалното Јавно обвинителство во текот на истрагите открило злоупотреби во работењето на судовите и тоа ќе биде нотирано во шестемесечниот извештај кој ќе го достави обвинителството, откри Катица Јанева на денешната презентација на ОБСЕ за судските процеси на случаите кои ги води обвинителството со кое таа раководи.

Јанева го критикуваше судот за неажурност и побара рочиштата за предметите на нејзиното обвинителоство да бидат закажувани почесто, за да се избегне евентуалната можност тие да застарат.

СЈО во моментов води 12 нови истраги кои според Јанева се во завршна фаза и за кои не е истечен рокот за поднесување на обвинителен акт.

Претставникот на ОБСЕ, вишиот офицер за владеење на правото Мишел Принс, во заклучоците од извештајот наведе дека мора да се решат постоечките органичувања во законската рамка кои би можеле да ги спречат тековните истраги на СЈО, од Обвинителството побара потранспарентен пристап кога воспоставува надлежност врз случаи кои постапувало Јавно Обвинителство а од судот да ги применува истите стандарди за случаите кои ги водат Јавното и Специјалното обвинителство.

Пред присутните се обрати и Мирјана Лазарова Трајковска, судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, која преку примери го оцени работењето на Јавното обвинителство во минатиот период како проблематично.

На презентацијата на извештајот присуствуваа и од адвокати на обвинетите во предметите на СЈО, кои имаа забалешки на начинот на работење на обвинителството како и на тоа дека телефонските разговори се единствените докази во дел од предметите.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ