Јане Ченто се кае за инцидентот во Шутка и сака назад во старата соба

До Управата на Истражниот затвор во Шуто Оризари стигна писмо од притвореникот Јане Ченто, во кое тој, обраќајки им се на директорот и на вработените во затворот, признава дека погрешил и дека е виновен за инцидентот на 18 јануари оваа година. Во писмото притвореникот Ченто наведува дека тој лично ја прифаќа одговорноста за постпката која е резултат на негово погрешно однесување, и го нуди своето извинување за предизвиканиот инцидент и бара да му биде простено за грешката. Притвореникот Ченто во писмото упатува и барање да биде вратен во собата во која бил пред настанот со кој го наруши редот во затворот. Управата на Управата на Истражниот затвор во Шуто Оризари ќе го разгледа неговото барање и наскоро ќе го извести притвореникот за одлуката.

Притворениот Јане Ченто, обвинет за насилствата во Собранието, кои што се случија на 27 април минатата година, во писмо до директорот за затворот во Шутка пишува дека погрешил и дека е виновен за инцидентот на 18 јануари оваа година.

Во писмото притвореникот Ченто наведува дека тој лично ја прифаќа одговорноста за постпката која е резултат на негово погрешно однесување, и го нуди своето извинување за предизвиканиот инцидент и бара да му биде простено за грешката.

Од Управата на Истражниот затвор во Шуто Оризари велат дека ќе го разгледа неговото барање да биде вратен во предходната соба.

На 18 јануари според соопштението од Истражниот затвор Скопје кај Јане Ченто биле пронајдени мобилен телефон, мобилен полнач, импровизиран кабел за полнење мобилен телефон и други недозволени предмети.

Директорот на затворот Ѓоко Котевски тогаш потврди дека службените лица издале наредба да ги предаде недозволените предмети, на што тој се спротиставил и пружил активен и насилен отпор. Службените лица на тоа одговориле со зафат согласно утврдените професионални протоколи и процедури предвидени за претрес на соби и му ги одзеле телефонот и другите недозволени предмети.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ