
Јанчев: ВМРО-ДПМНЕ не е подготвено да оди напред и да стане една модерна и демократска партија
По предлог на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Христијан Мицковски на вчерашниот ЦК бев разрешен од функцијата потпретседател. Живееме во време кога светот прогресивно оди напред во секое поле. Време во кое акцентот го ставаме на демократијата и слободното размислување. Неоснованите обвинувања на вчерашната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по завршувањето на ЦК беа маска за неспособноста за прифаќање на различни ставови и покажаа дека нема место за неостомисленици во врвот на ВМРО-ДПМНЕ.
Овие обвинувања како и симнувањето од функцијата потпретседател нема да ме направат помалку вмровец.
Очигледно ВМРО-ДПМНЕ не е подготвено да оди напред и да стане една модерна и демократска партија, напротив многу круто и агресивно ги “чисти” оние чии перцепции се насочени кон една таква модерна партија.
Како Градоначалник на Општина Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ уште поуспешно ќе ја извршувам оваа функција, а за моето успешно менаџирање со општината сведочи скоро цела една година со голем број реализирани проекти, проекти кои се во тек и средување на општината и водење кон целта Кавадарци на прво место.