
Јанакиески вратен во Шутка
Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески кој се наоѓа во притвор со болки во бубрезите синоќа бил однесен на преглед во болницата „8 септември”, а подоцна бил вратен во затворот во Шуто Оризари.
Јанакиески во ургентниот центар на болницата бил примен околу 19 часот и веднаш му биле направени лабораториски анализи, ехо преглед, снимање и бил прегледан од лекар. Откако добил терапија, затворската полиција повторно го вратила во затворот во Шутка.
Обвинителката Лиле Стефанова која го застапува обвинението за предметот „Траекторија“, на денешното судење на обвинетиот Миле Јанакиески му рече дека сам си го уништува животот. На ова, Јанакиески кратко искоментира „ова не е живот”. Судењето се одложи поради отсуство на вештак, следната расправа е закажана за 3 септември.