
Јанакиески: Ова не е живот
Од вчерашното рочиште за „Талир“ до денешното за „ТНТ“ Миле Јанакиески заврши во болница и повторно беше вратен во Шутка. Ова не е живот – искоментира откако на денешното рочиште за кинеските автопати доби совет од обвинителката од СЈО Лиле Стефанова, да не си го уништува сам животот со гладување. Неговиот адвокат вели дека Јанкаиески вчера завршил во болница поради здравствени проблеми со бубрезите, но не исклучува дека тоа е последица на штрајкот со глад.
И покрај влошувањето на здравјето Јанакиески продолжил со одбивање на храна, вели неговиот адвокат Јанакиески сака да испрати порака на револт кон мерката притвор која беше непотребна бидејки две години е достапен на судот, обвинителството и полицијата, вели Еленко Миланов.
Кривичниот суд повторно ќе одлучува за притворот на Јанакиевски за половина месец кога истекуваат триесетте дена. Неговиот адвокат размислува и порано да иницира ревидирање на мерката.
Ексминистерот за транспорт и врски прв пат влезе во притвор во ноември минатата година на барање на СЈО поради опасност од бегство за случајот „Титаник“ а пред нова година беше пуштен во домашен притвор. Повторно влезе во Шутка во февруари кога обвинителството за организиран криминал ја отвори истрагата за организаторите на 27-ми април. Беше пуштен дома, неколку дена подоцна по инцидентот кога тој и Спиро Ристовски беа нападнати. Трет пат се врати во притвор пред десетина дена откако обвинителството отвори истрага против него за злоупотреба на службената положба со отуѓување на државно земјиште, случај познат како „Шпански Скали“.
Елена Ивановска Мукоска