
Јанакиески не добил амнестија од Иванов, па планирал да бега
Ексминистерот Јанакиески преку посредник барал од преседателот Иванокв амнестија за сите обвiнети од ВМРО-ДПМНЕ во предметите на СЈО. Иванов категорично го одбил предлогот со образложение дека нема намера да се меша во судските одлуки, па по средбата со Иванов посредникот се сретнал и со Јанакиески и му го пренел одговорот од шефот на државата, дека не планира амнестија. Ова е наведено во службена белешка изготвена од ВМР и УБК врз основа на која СЈО бара притвор за Јанакиески поради опасност од бегство.
Од страна на изворот било посочено дека обвинетиот сметал оти амнестијата е последна шанса да се спасат од кривична одговорност и одлежување на затворските казни. Обвинетиот поседува банкарски сметаки надвор од Македонија, со што би било олеснето неговото бегство надвор од државата, за што навел дека ќе го стори тоа доколку не му биде дадена амнестија, се вели во решението.
Службената белешка е направена на 13 ноември. Вечерта Јанкиески беше притворен. Тој ја спори содржината на службената белешка. Преку адвокатот порача дека не му требал посредник за да оди кај Иванов, затоа што со претседателот бил куќен пријател повеќе од 10 години и си оделе на слави и веселби. На 13ти ноември бил лично во кабинетот на Иванов, лично но за друго вели одбраната.
Во судница Јанакиески го нарече фингиран – документот врз основа на кој доби притвор. Ова го искоментира на рочиштетот за „ТНТ“, откако судијата Огнен Ставрев констатираше дека е спроведен од затворот во Шутка.
За жал да, притвор. Како рекле старите ако не можеш по магарето удри по самарот, коментираше Јанакиески.
Јанакиески од притвор а столчето на Груевски празно. Ќе му се суди во отсуство а на барање на СЈО доби и притвор. Одбраната бараше пак издвојување на Груевски од предметот, се спротивставуваа да му се суди во отсуство бидејќи не биле исполнети зкаонските услови за тоа. Судијата го убедуваа дека Груевски не бил бегалец од правда туку дека барал правда од земја членка на ЕУ. Не го избегнувал судот, туку не можел да дојде затоа што ако ја напуштел Унгарија ќе го изгубел статусот на барател на азил. Клучен документ со кој Груевкси го поткрепува барањето за азил, но и денеска му беше доставен како доказ на судијата, е мислењето на државната Комисија за дискриминација предводена од Даштевски, дека бил дискриминиран.
Елена Ивановска Мукоска