Јакимовски се правда дека одговорни се општинските служби

Поранешниот градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски тврди дека работите за кои го сомничат ги вршеле општинските служби и немаат никаква врска со него.

„Се истражуваат злоупотреби во однос на три јавни набавки, од кои две во 2012 година за општинските бараки и последната за плоштадот во Жданец. Овие работи немаат врска со мене како градоначалник, бидејќи се работи на службите. Јас не земам банкарски гаранции. Потпишувам одлука за јавна набавка, одлука за избор на најповолен понудувач, го потпишувам договорот, а потоа се зема банкарска гаранција и сетоа тоа понатаму го работат службите.Очигледно е дека на власта и требаат жртви“, изјави Јакимовски.

Финансиската полиција, попладнево истражува злоупотреби од страна на Јакимовски во врска со три тендери, од кои два за општинските бараки, а еден за плоштад во Жданец.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ