
Ја прекинале наставата бидејќи не им се допаднала новата директорка
Тројца државни просветни инспектори влегоа во средното училиште Арсени Јовков по известувањето дека наставниците од паралеките на албански наставен јазик не одржале неколку часа. Прекинот бил поради незадоволство од изборот на новата в.д. директорка која од градот Скопје е назначена пред два дена. На нејзино место според нив треба да биде поставен албански кадар.
Според Лита, немало прекин на наставата туку скратени часови поради празникот 8 март. Оптимист е дека ситуацијата ќе се реши со оглед на фактот дека како што вели назначувањето директори е политичка одлука, а одлуката за понатамошните чекори ќе биде донесена заеднички.
Прекин на наставата или скратени часови имаше и вчера во дел од училиштта во општина Чаир. Причината беше денот на албанскиот наставник. Просветни инспектори влегоа во Рајко Жинзифов каде беше констатирано дека одлуката за прекин била без правна основа. Во овој случај, исто како и во Арсени Јовков инспекторите ги задолжиче одговорните дека мора да се одработат часовите
За прекин на наставата одлучува само министерот. Во спротивно, директорот и училиштето се задолжуваат да ги надокнадат часовите. ЗАконот предвидува казнени мерки доколку тоа не го сторат, кажа Томе Спировски директор на ДПИ.
Доколку часовите не се одработат, казната за училишттео е 1600 евра. Директорот во тој случај треба да плати третина од износот.
Сања Јовановиќ Дамјановска