Извртен автомобил на пруга удрен од воз во Велес

Едно лице со потешки повреди е префрлено на скопските клиники откако во возило рено во кое бил со уште 4-ца сопатници удрил воз на пругата Велес-Гевгелија, во близина на кланицата Агриа.

Сообраќајната несреќа според велешките веб-сајтови батали.нет и велесденес се случила во 19 часот. Автомобилот во кој имало 3-ца мажи, жена и мало дете се извртел од патот кој води паралелно со пругата и паднал врз шините.

На автомобилот рено налетал патнички воз кој се движел кон Гевгелија и удрил во возилото.

Болнички екипи ги згрижиле и останатаите патници, а досега не беше сооопштена нивната здравствена состојба.

Од јавното обвинителство потврдија дека местото е обезбедено и ќе се врши увид. Железничкиот сообраќај е во прекин.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ