Извршителите во затвор, нарачателите во судница, новинарите ја тужат државата

Миле Јанакиевски, Спиро Ристовски, Владимир Атанасовски, Трајко Вељановски во судницата наспроти нив обвинителката Вилма Русковска на која што и беа потребни две години да собере докази и да ги обвини дека тие го нарачале и креирале крвавиот четврток во собранието. Им недостига поранешениот премиер Никола Груевски кој ја минува втората година во бегство во Будмипешта – Унгарија. И по три години од упадот на толпата во законодавниот дом сеуште се трага по правдата во кривичниот суд, но засега пандемијата ги одложи рочиштата за нарачателите на упадот.

Година претходно заврши и еден од најкомлексните судски процеси во историјата за учесниците во организираниот напад на Собранието,во кој 17 луѓе добија 211 години затвор. Судот му пресуди  и на поранешниот директор на бирото за јавна безбедност Митко Чавков кој доби 18 години, а високи плициски службеници добија по 15 годишни затворски казни. Оперскиот пеач Игор Дурловски беше ослободен од обвинението. Најмала затврска казна од 8 години доби контраверззниот Александар Василевски Нинџа, чиј што сведочења силно одекнуваа во јавностао откривајќи, нови и нови детали од начинот на организацијата за упадот во собранието, да успее да го прволече окото на обвинителката Русковска и во најновиот премдет да го предложи за сведок. Во овој предмет 15-тмина обвинети меѓу кои и актуелни пратеници добија амнестија со „специјален“ закон за помирување во собранието.

Во кривичниот суд во Скопје отпочнаа и завршија и други случаи, дел завршија со затворски. Новинарите кои се најдоа мешу насилниците и пратениците тој ден отпочна и свој процес  во граѓанскиот суд со тужба заради нарушување на правото на слобода на изразување.  27 април 2017-та година се случи откако толпа луѓе влезе во собарнието незадволни од изборт на Талат Џафери за собраниски спикер. Најерзиобни повреди во нападите доби пратнеикот и лидер на Алијанса на албанците Зијадин Села.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ