
Извршителите осудени, дали нарачателите и организаторите на крвавиот четврток ќе одговараат
Амнестирани, во бегство или со имунитет. Јавноста смета дека дел од клучните лица одговорни за настаните од 27 април и насилствата во Собранието кои сеуште се на слобода можно е никогаш да не бидат повикани на одговоrност или осудени поради нивната улога во настаните.
Со вчерашната пресуда за извршителите на насилствата правдата е задоволена барем во тој поглед но останува уште многу што треба да се заврши. Адвокатот Ванчо Митев смета дека закоружување на процесот ќе има дури откако ќе заврши судењето против организаторите.
Тој смета дека сепак многумина ќе избегнат одговорност за својот удел во настаните кои претходеа на упадот во Собранието и го иницираа извршувањето на насилствата.
Амнестијата ги отштети и судот и обвинителството но и обвинетите, вели Митев, но сепак процесот според него бил воден според сите прописи и правичен.
Истрагата за организаторите на насилствата во Собранието е во тек а осомничени се Никола Груевски, Миле Јанакиески, Трајко Вељановски, Спиро Ристовски и Никола Бошковски. Официјално од Обвинителството сооштија дека сеуште работат на собирање на нови докази и дека дополнително ќе ја информираат јавноста за текот на истрагата.
Следната недела истекува триесетдневниот притвор кој им беше одреден на осомничените Миле Јанакиески и Спиро Ристевски. Пратеничкиот имунитет на поранешниот спикер а сега пратеник Трајко Вељановски не е одземен а по Груевски и Бошковски кои се во бегство е распишана нова меѓународна потерница.
Огнен Чанчаревиќ